Прием за моторџиите од „Тиквеш рајдерс“ кај градоначалникот Панов
28-06-2016 РЕГИОН

Кавадарци изминатиот викенд беше домаќин на над 800 моторџии или над 2000 посетители на првиот мото фест што се одржа во Моклиште, а го организираше Здружението  „Тиквеш рајдерс“.

 

Моторџиите од Кавадарци денеска беа примени од градоначалникот Александар Панов. Тој им честита за успешно реализираниот мото фест и најави дека ја имаат општинската подршка за традиционално организирање на овој настан.

 

Благодарност до општината за подршката упатија од „Тиквеш рајдерс“. Задоволни се од тоакако помина првиот мото фест и од учеството речиси на сите мото клубови од земјава.     (повеќе во видео изданието на вестите)

 

A.Д



Додади коментар