Привршува втората фаза од изградбата на кејот на Луда Мара
24-03-2016 РЕГИОН

Привршуваат градежните активности за доизградба на уште 500 метри од кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов денеска направи обиколка на терен да согледа како се реализира  втората фаза од овој проект и искажа задоволство од квалитетот и интензитетот со кои се работи. Коритото е изградено, а привршува изградбата на патеката за пешачење.

 

„Гледам еден сосема нов лик на овој дел за разлика од тоа што  го видов пред почетокот на работите и се надевам дека е на големо задоволство на сите граѓани кои живеат овде. Со ова добивме уште 500 метри шеталиште, 250 метри во еден правец и 250 во друг.  Ова е дополнителен стимуланс со проектот да  продолжиме и следната година до `брушанскиот мост`. Очекувам со околу 15 милиони денари да се заврши комплетно целиот проект “ рече Панов.

 

Тој најави реконструкција и на колектроскиот систем, проект на кој заеднички ќе работат со ЈП Комуналец.

„ Ќе вложиме околу 1 милион евра, пари од ЈП Комунлац кои ги  има како добивка. Со одлука на совет овие пари ќе ги намениме за колекторксиот систем, за да конечно се реши колекторот со неговата димензионираност за наредните 50 -100 години за Кавадарци“ нагласи Панов.

Aнгел Данов



Додади коментар