Општина Кавадарци во соработка со агрономскиот тим кој врши контрола на мерните агрометеорoлошки станици и со увид на терен го дава следното мислење и препораки за претстојниот период. Во лозовите насади се вршат операците кроење и редовна проверка и обновување на конструкцијата. Во наредниот период агрономскиот тим ќе изврши известување за редовната пролетна хемиска заштита на лозовите насади, која е потребна како добар старт за понатамошната годишна добра состојба на виновата лоза. Во овоштарството со увид на терен констатирано е дека со високите температури кои беа во изминатиот период насадите од кајсија и раните сорти на праски се во стадиум на цветање.
Поголемиот дел од земјоделците ја имаат извршено операцијата кроење и зимиска заштита кај која се користат хемиски средства кој во својот состав имаат бакар и масла кои се користат како заштита против инсекти. Во наредиот период со отварање на лисните папки тимот известува да се изврши заштита на овоштарниците од паразитот Taphrina deformans ( кадравост на листовите ) кој ги напаѓа младите листови. Паразитот Taphrinia deformans. Ги напаѓа најмногу младите листови на праската, поретко цветот и плодовите. Листовите се заразуваат по тргнување на вегетацијата. Младите листови почнуваат да се деформираат, свиткуваат, задебелуваат, го губат хлорофилот и жолтеат да подоцна потполно се деформираат и набабрат.
Со порастот на листот симптомите стануваат по изразени, а листовите добиваат виолетово - црвена боја. Во тоа време на листовите се ствара сивкасто - прашкаст слој на скус со аскоспори. Кон крајот на пролетта заразените листови добиваат темна боја, односно се сушат и отпаѓаат. Расејувањето на паразитот е осигурано со обилната спорулација на аскоспорите и со секундарните спори, кои настануваат со пупење на аскоспорите. Инфекциите настануваат во релативно краток рок. Презимените спори со пролетните дождови се симнуваат од гранките на лисните папки, се размножуваат со пупење и штом папката се отвори, во капките од вода ртат и прават инфекција на штотуку отворената пупка или млад лист.
По инфекцијата паразитот продира под лисната кутикула образуваќи сплет на хифи - химениум. Некој од хифите се развиваат во аскуси кои ја подигаат кутикулата, избиваат на површината и формираат сивкаста превлака. Аскоспорите се расејуваат со ветрот. Од нив настануваат секундарни спори кои презимуваат на гранките.
На сликата се прикажани заразите на паразитот Taphrinia deformans

Додади коментар