Превентивна полициска акција за поголем ред во сообраќајот
19-02-2014 РЕГИОН

Одделот за превенција при СВР Велес во соработка со ПС од ОН Кавадарци и Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај денеска во периодот од 11 до 13 часот во централното подрачје на Кавадарци спроведе превентивна акциска контрола за превземање на превентивни мерки и активности во врска со прекршоци од областа на непрописно паркирање, односно паркирање во зона на раскрсница, паркирање на обележан пешачки премин, места означени за паркирање на инвалидизирани лица, двојно или паралелно паркирање.

 

На возачите со вакви прекршоци им беа издадени покани за сообраќајни поуки, но беа изречени и усни мерки како и писмени предупредувања зависно од тежината на прекршокот вели за медиумите самостојниот инспектор за превенција по сообраќај при ПС Кавадарци Диме Точков.Целта на ваквите контроли е преку превентивно дејствување и преземање на мерки и активности, да се подигне сообраќајната свест и култура кај учесниците во сообраќајот, особено кај категоријата возачи на патнички моторни возила, како учесници во сообраќајот кај кој најчести се прекршоците кога станува збор за непрописно паркирање, вели инспекторот за превенција Благица Кицева.

 

Оневозможувањето на проточен и безбеден сообраќај за сите учесници во сообраќајот во централното градско подрачје мора да се намали категорична е кавадаречката Полиција. Со редовно превземање на вакви превентивни мерки и активности од речиси сите области на сообраќајот очекуваме да се придонесе во одржување на стабилната безбедносна состојба, смета самостојниот инспектор за превенција по сообраќај. Точков информира дека ваквите акции континуирано ќе се одвиваат на подрачјето на ПС Кавадарци, се додека не се почувствува резултатот.

М.М

Додади коментар