Превентивна акција на полицијата за заштита од пожари
19-03-2019 РЕГИОН

 

 

Заштита на шумите од пожари имаше за цел денешната превентивна акција што ја реализираше кавадаречката полиција.

 

На возачите им се делеа едукативни флаери, преку кои уште еднаш им се укажува да внимаваат кога се во природа и кога палат оган да ги превземат сите неопходни мерки за обезбедување на просторот за да не дојде до проширување на огнот и до зафаќање на големи површини.

 

Денешната превентивна акција на Кавадаречката полиција за заштита на шумите од пожари, е како резултат на одржаната Советодавна група на граѓани пред некој ден на која присуствуваа сите одговорни субјекти за превенција и спречување на пожарите на отворен простор, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци.


A.Д

Додади коментар