Превентивна акција за управување на мопед со заштитен шлем
24-03-2014 РЕГИОН

Сообраќајната полиција викендов ги советуваше велешките моторџии.. Ги сопираше сите кои управуваа мопед без заштитен шлем.. Акцијата не беше казнена, им се укажуваше дека освен што е законска обврска, носењето шлем значи и поголема безбедност..

Носи кацига - биди безбеден, под ова мото се реализираше превентивната акција.. Се спроведуваше во соработка со мото клубот, носачи на крстот..

Сите контролирани моторџии беа должни да пополнат прашалник.. Од нив се бараше да напишат зошто не носат заштитен шлем..

Од сообраќајната полиција велат дека акцијата ги дала очекуваните резултати.. Сите кои биле сопрени веднаш потоа го користеле заштитниот шлем..

Инаку велес според бројот на жители важи за општина со најмногу мотори..

З.Ј

 

 

Додади коментар