Прво место за Дивна Пешиќ-Грозданов на „Американ Арт Авард“
03-10-2019 КУЛТУРА

Делото „Македонско богатство“ и донесе по пети пат прво место на натпреварот по уметност Американ Арт Авард на кавадарчанката Дивна Пешиќ- Грозданов. По бројните награди и шампионска титула во стрелаштво, сега Дивна продолжува да жнее успеси и во уметноста.

 

На истиот натпревар, во категоријата абстракт, но и во категориите абстрактен експресионизам и религија и еротика има освоено прво место и во 2010, 2012, 2015 и 2017 година.

 

„Во категоријата апстрактен експресионизам моето дело,,Македонско богатство” , масло на платно, 40х30 инчи, освои прво место. Инспирација за ова дело ми беше едно прекрасно македонско семејство кое ги негува вистинските вредности во животот, со многу љубов и добрина, почитувајќи и пренесувајќи ги македонската култура и традиција на најдобар начин. Би сакала оваа награда да ја посветам на семејството“ вели Пешиќ

Додади коментар