Прва крводарителска акција за годинава во Кавадарци
31-01-2015 РЕГИОН

Во просториите на локална самоуправа Кавадарци беше реализирана првата доброволна крводарителска акција за 2015 година. Акцијата ја организираше општинската организација на Црвен Крст Кавадарци во соработка со Институтот за трансфузиона медицина чија екипа беше задолжена за успшено спроведување на акцијата.

 

Почетокот на истата беше по 9 часот, а до 12 собрани беа 18 единици крв со претходно целосно спроведен лекарски преглед и контрола на здравствената слика кај дарителите. Се мереше крвниот притисок, нивото на хемоглобин во крвта, се потполнуваа тестови.Кај дарителите со одлична здравствена слика непречено течеше процесот на дарување, но имаше неколку случаи на дарители кај кои докторот констатираше висок крвен притисок па на истите не им беше дозволено да даруваат, туку добија лекарски совети како да се справат со овој проблем и на што најчесто да внимаваат.Заинтересираноста беше голема, а до крајот на нашето присуство на акцијата со вкупно дарувани 18 единици крв, ред за дарување чекаа уште дваесетмина хумани граѓани.

 

Од институтот за трансфузиона медицина велат дека огромниот интерес на првата акција ветува многу. Со нив се сложи и кавадаречкиот црвен крст од каде само уште еднаш ветија дека пред нав е уште една успешна година во полето  на крводарувањето.

М.Младенова

Додади коментар