Пошумување и нови зелени површини во Кавадарци
10-03-2023 РЕГИОН
 
Продолжува пошумувањето на околните сливни подрачја кои се наоѓаат на источната страна од градот како мерка за заштита од ерозија.
И денес служби од Општина Кавадарци во соработка со ученици и професори од СОЗШУ ,,Ѓорче Петров’’  вршеа пошумување, со садници од багрем,чемпрес и црн бор.
 
Оваа акција продолжува се додека не бидат засадени вкупно сите 5000 садници - велат од локалната самоуоправа.
 
 
 
Општина Кавадарци преку службата „Мој општинар“ започна со реализација на проектот за озеленување и подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот.  Како што инфомираа од локалната самоуправа, денеска се работело на  подигање на првата зелена површина на Северен булевар, кај пам трак патеката. 
 
 Акцијата ќе продолжи и во наредниот период.


Share

Додади коментар