Потпишан договор за реконструкција на патот од Криволак до Пепелиште
23-01-2020 РЕГИОН

Општина Неготино и фирмата „Дикор цд“ дооел од Струмица денеска потпишаа договор за комплетна реконструкција на локалниот патен правец од Криволак до Пепелиште во должина од 6 километри, информираат од прес службата на општина Неготино.

 

Потпишаниот договор е со вредност од 24.762.300 денари. Рокот за изведба на работите на овој патен правец е 150 денови, а во најкраток рок фирмата изведувач ќе биде воведена во работа. Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот кои се движат по локалниот пат Криволак-Пепелиште.

Додади коментар