Поставени реквизити за нов забавен детски парк
20-04-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци согласно програмата за поставување на урбана опрема продолжува со активностите за обезбедување уредени простори за забава и рекреација на децата. Во наредниот период треба да се изградат неколку нови забавни паркови на подрачјето од градот.

 

Оперативата на фирмата „ЗД-Горан“ од Кавадарци работеше на поставување на детски забавни реквизити во населбата „Ѓорѓи Соколов“ веднаш до новите тениски игралишта кај заобиколницата „Северен булевар“.

 

 

Новиот детски забавен парк зафаќа површина од 150м2 каде беа поставени 5 реквизити за игра и забава.

 

Веднаш после поставувањето на реквизитите, оваа површина треба да биде покриена со бекатон коцки, после што ќе следи и поставување на урбаната опрема која предвидува неколку клупи за седење како и типизирани канти за отпад.

 

Новиот детски забавен парк ќе биде надополнување на просторот за рекреација и спортување во овој дел на градот веднаш покрај реката Луда Мара, каде се наоѓаат и двете нови тениски игралишта.

 

 



Додади коментар