Последна седница на кавадаречкиот совет во овој состав
20-09-2017 РЕГИОН

 

20.09.2017 (КТВ)

Кавадаречкиот совет денеска ја одржа последната, 62 редовна седница во овој состав. Најверојанто оти последна, советниците немаа инспирација за дискусии.

 

Ниту еден советник не излезе на говорница да даде осврт на годишните програми и извешати за работењето на основните и средните училишта, но и на детската градинка „Рада Поцева“.

 

По утврдувањето на дневниот ред, едногласно беа прифатени сите програми и извешатаи. Се донесе и одлука за утврдување напотребата од донесување на нова урбанистичко – планска документација за објекти надвор од плански опфат и одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на општина Кавадарци за ко-финансирање на Центар за развој на Вардарски плански регион. 

 

Со 24 точки на дневен ред седницата траеше рекордни петнаесетина минути.

 

Училиштата во своите извештаи го информираа советот за работењето во минатата учебна година и за реализираните проекти, а во програмата за новата учебна година се содржани проектите на кои ќе работат училиштата.

 

Во извештајот од детската градинка се наведува проблемот со кој се соочува поради немање доволно простор за згрижување на нови деца. Во новата учебна година биле примени само 150 деца, а на листата на чекање има уште 300.

 

Ангел Данов



Додади коментар