Поради дефект без вода се жителите од високата зона-запад на Кавадарци
25-07-2013 РЕГИОН

Поради дефект на линијата фи150 висока зона запад и селата Шивец и Возарци и комбинатот Фени индустри денеска до 17 часот беа без вода за пиење. Како што информираа од ЈП Комуналец, организациона единица водовод,  Мал прекин  во водоснабдувањето во текот на денот имаше и во висока зона исток-брушанско маало, поради дефект на воздушен вентил.

Во текот на денот екипи на Комуналец активно работеа со цел да ги санираат дефектите и да се нормализира водоснабдувањето.

Тука следи и одговорот до граѓаните кои во текот на денот се јавуваа до нашата редакција со прашање дали прекинот на водата од синоќа па во текот на денот бил резултат на започната рестрикција на водата за пиење. Рестрикции нема, а снабдувањето со вода за пиење ќе биде нормализирано до крајот на денот. 

А.Д



Додади коментар