Полицијата спречи шверц на мигранти на автопатот Велес - Скопје
14-04-2015 РЕГИОН

Спречен е шверц на мигранти од Сирија.  Возач на камион се обидел да превезе 100-тина илегалци. Утринава на автопатот Велес-Скопје се откриени сиријците. Откако возилото било сопрено од полицијата, избегале поголем дел од сиријските државјани. Само 15-тина беа на распит во велешката полиција..

Возачот на камионот е веднаш приведен. Ќе одговара за незаконско организирање превоз и транспорт на мигранти.. Неговиот адвокат потврдува дека со возилото се превезувала група од 100-тина илегалци.

Според неофицијални информации, сиријците се превезувале од југот на државата а крајната дестинација требало да им биде северната граница.  

Зоран Јаневски

Додади коментар