Полицијата со укажување до камионџиите: Да се избегнува патниот правец Неготино - Кавадарци
05-10-2018 РЕГИОН

 

Поради реконструкција, асфалтната подлога на „Северен булевар“ во близина на хотел „Фени“ во Кавадарци, полициска станица Кавадарци им укажува на сите возачи и превозници со товарни моторни возила, посебно на кипери кои вршат дотур на материјали до индустриска зона за компаниите ИГМ, Фени индустри и други, при влез во Кавадарци да го избегнуваат патниот правец Неготино - Кавадарци, а да го користат заобиколниот патен правец Росоман  - Кавадарци и Росоман - мотел Дреново-топилница Фени Кавадарци.

 

Ова е од причина што овие товарни моторни возила да ја избегнат реконструкцијата на Серверен булевар, се движат по булеварот Цветан Димов и булеварот “Моша Пијаде“ во Кавадарци и минуваат пред општинското основно училиште „Гоце Делчев“ и детската градинка каде што има голема фрекфенција на ученици, родители и голем број на патнички возила.

 

Укажувањето е во насока на зголемување на безбедноста на децата како учесници во сообраќајот и спречување на несакани последици од зголемената фрекфенција на овие товарни возила пред училиштето и детската градинка - стои во соопштението од кавадаречката полиција.

Додади коментар