Полицијата регистрира прекршувања на полицискиот час во вчерашниот ден
30-03-2020 РЕГИОН

16 часот. Започнат е полицискиот час. Улиците во Кавадарци за краток период останаа празни, без возила, без луѓе. Кавадарчани викендов, во најголем дел ги испочитуваа препораките на надлежните институции за ограничено движење, се со цел, заштита од корона вирусот.

 

СВР Велес, денеска информираше за бројот на граѓани кои не го испочитувале полицискиот час.

 

   
     
     
     
     

 

За време на полицискиот час во Кавадарци раздвижени беа службите на ЈП Комуналец. Дел од вработените работеа на одржување на јавната хигиена, а друг дел со цистерни вршеа дезинфекција на воздухот. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше исто така на терен со овие служби. Во изјавата за КТВ, тој нагласи дека со дезинфекција покрај фрадското подрачје се опфатени и останатите населени места во општината.

 

Од вечерва полицискиот час почнува во 21 часот и ќе трае до 5 часот утринава. Апелот е да се почитува ограниченото двиежење.

 

A.Д

Додади коментар