Полицаец од гранична полиција од Неготино е позитивен на Ковид 19
04-06-2020 РЕГИОН

44 годишен жител на Неготино е позитивен на Ковид 19, информираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Станува з бор за лице вработено во граничната полиција, кое е дел од групата полицајци кои биле во контакт со нивни колега, полицаец од Унгарија, исто така позитивен на вирусот.

 

Заболениот oд Неготино  е со благи симптоми и е на домашно лекување. Седум лица кои имале контакт со него добиле решение за изолација.

А.Д

Додади коментар