Пожар кај Рибарци
25-02-2020 РЕГИОН

Најверојатно, поради несовесен однос и палење на остатоци од винова лоза,  предизвикан е пожар во близина на селата Рибарци и Паликура. Се издига густ црн чад, a зафатена е поголема површина.

 

Од ТППЕ Кавадарци информираат дека се на терен и се интервенира за гасење на пожарот.

 

„Со пожарот е зафатена сува трева и ниско стеблести растенија. Интервенираат три пожарникарски тимови со 3 возила“ информира командирот на ТППЕ Кавадарци, Александар Чадамов.

 

Од против пожарната единица апелираат до граѓаните да бидат совесни и да не палат остатоци од винова лоза и други растенија после завршено кроење, бидејќи се создават огромни штети по околината.

А.Д

Додади коментар