Повреден пешак во Неготино

 

Педесет годишниот Д.М од Неготино се здобил со телесни повреди откако вчера околу 8 часот во него удрил автомобил.

 

Од полицијата информираат дека патнички автомобил марка „Фолксваген Буба“ со неготински регистарски броеви управуван од М.Д.(24) удрил во пешакот   Д. М.(50) од Неготино.

 

„ Пешакот е пренесен во ЈЗУ Општа болница Неготино, каде по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот изврши екипа на ПС ОН Неготино“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

А.Д

Додади коментар