Повреден кавадарчанец на работно место

 

Четериесет и девет годишниот Ј.Г од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал и удрил во метален профил на своето работно место. Од СВР Велес го потврдија слуачајот.

 

„ Вчера во 6 часот  во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во фирма во Кавадарци вработениот Ј.Г.(49) паднал и удрил во метален профил, при што се здобил  со тешки телесни повреди. По укажаната помош во Општа болница Кавадарци, Ј.Г. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. 

 

На местото каде е повреден работникот бил извршен увид и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 

А.Д

Додади коментар