Планинарска акција по повод денот на ослободување на Неготино
10-11-2018 СПОРТ

 

СПАОК,,Антиогнеа" и оваа година ја организираше традиционалната планинарска акција по повод 8 ноември, ден на ослободувањето на град Неготино. Акцијата се одвиваше на планината Кожув, со старт од одмаралиштето Михајлово(1200м.н.в.) , а главна цел на беше врв Голубац ( 1680 м.н.в.).

 

Планинарите имаа можност да ги видат убавините на Кожув во есен, есенскиот колорит и пејзажите на Кожув и околните планини и врвови, па се до таму каде што погледот води .... се до Козјак кај Прилеп, врв Орле кај Кавадарци, а во далечините, поради убавото време можеше да се види и моќната и преубава Солунска Глава.... секако , Голубац, дава можност за разгледница и на други околни врвови .... , а сеако интересно беше и тоа што ваквото уживање планинарите го проследија од местото на самиот граничен појас меѓу Република Македонија и Грција. На акцијата учество земаа 150 планинари од планинарски друштва од Македонија и странство.

 

 

На акцијата учествуваа: збратименото друштво ПД,,Коњух"-Тузла, ПД,,Калесија"-PD Kalesija од БИХ, ПД,,Чрномељ"-Чрномељ од Словенија, збратимено ПД ,, Мусала'' од Самоков-Бугарија, збратимено друштво ,,Етрополе"' - Eтрополе од Бугарија, ПД од Јагодина-Бугарија и ПД,,Бистрица од Бугарија. Од Македонија учествуваа другарите од ПК,,Серта""-Неготино, Free Hikers од Неготино, ПК,,Кожув" oд Гевгелија, ПК,,Козјак" oд Прилеп, Green Power од Велес, ЖПК,,Китка" oд Скопје.

 

Радува фактот за активизмот на младите од Неготино , кои и оваа година активно ја поддржаа нашата акција . Од средното училиште СОУ,,Св.Кирил и Методиј" - Неготино, како и од ООУ,,Гоце Делчев" и ООУ,,Страшо Пинџур"-Неготино на нашата акција учествуваа над 40 младинци. – велат од планинарското друштво и упатуваат благодарност до сите кои учествуваа во акцијата.

Додади коментар