Планинари од Неготино на поход во Тузла
06-10-2015 РЕГИОН

Од 1 до 4oктомври, 20 планинари од СПАОК,,Антигонеа-нег” од Неготино, заедно со пријателите од ПД ,,Чрномељ” од Чрномељ, Р.Словенија беа гости на ПД ,,Коњух” од Тузла, БИХ. Планинарите од Неготино учествуваа на поход што го организираше ПД ,,Коњух” во чест на ослободувањето на градот Тузла. На овој поход учество земале 246 планинари од 22 планинарски друштва од БИХ, Словенија,Србија, а како претставници од Македонија беа членовите од Антигонеа. Планинарите биле сместени во планинарскиот дом којшто се наоѓа на планината Коњух каде што се одвивала и главната акција којашто се одржала на 3 октомври. Патеката по која се одвивал походот била многу интерсна и проткаена со многу живописни места, убави пејзажи, прекрасна планинска шума. Походот стартувал од местото Супари, а главната цел бил врвот Јаворје со надморска висина од 1209 метри. Вкупната должина на патеката изнесувала 14 км , а од друштвото информираа дека сите учесници на походот успешно ја реализирале оваа акција. Од Антигонеа информираа и за беспрекорната организација на домаќиниот, за којашто се многу благодарни . Походот завршил со традиционалното планинарско гравче и неодминливиот босански фолклор, а се разбира, за време на дружбата испеани биле и неоминливите македонски народни песни.

 

„ Нашите планинари , заедно со палнинарите од Словенија во текот на четирите дена претстој воТузла, од страна на домаќините имаа организиран претстој и посета на интересни места и значајни обележја за градот Тузла. Планинарите беа сместени во планинарскиот дом којшто се наоѓа на планината Коњух каде што се одвиваше и главната акција“- вели претседателот на друштвото Александар Гичовски.

На крајот од програмскиот дел на оваа организација , неготинското друштво заедно со ПД „ Коњух “ од Тузла и ПД „Чрномељ “ од Словенија направиле и завршна средба на којашто се договариле идните планови за заеднички активности на интернационално ниво и продолжување на успешната соработка.

 

„ Следна голема активност од интернационален карактер, во којшто како организатор се јавува ПД „ Антигонеа “ од Неготино е големата акцијата којашто ќе се одржува во Неготино, а е поврзана со празникот на градот 8 ноември. Во таа чест, неготинското друштво секоја година, традиционално го одбележува празникот на градот со голем планинарски поход .Походот се одвива на патеката којашто го носи името 8 ноември во чест на ослободувањето на Неготино. Патеката се наоѓа на планината Серта, со страт од с. Калањево и искачување на највисоката точка Караѓоз и е во должина од 14 километри, а спаѓа во средно тешките планинарски стази “- додава Гичовски. Од друштвото информираат дека во тек се почетните подготовки за походот којшто ќе трае од 6 до 8 ноември, со главна планинарска акција на 7 ноември (сабота). Од организациониот одбор информираат дека очекуваат голема масовност и многу гости од Македнија, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, БИХ, Црна гора, за што веќе имаат потврда и од неколку друштва како од Македонија, така и од странство со коишто неготинското друшто има соработка.

 

Маја Алексовска



Додади коментар