Пет мали штркчиња изгореа во гнездо во Сопот
16-05-2018 РЕГИОН

 

Жителите на селото Сопот денеска жалат што не можеле да спасат пет штркчиња кои настрадале во пожар во своето гнездо.

 

По пријава на жителите интервенирала и противпожарната единица Кавадарци. Командирот Илчо Богевски објаснува дека според првичните информации можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да имаат предизвикано спој на две жици од бандерата со електрични кабли.


Покрај гнездото со петте шркови била опожарена и бандерата.

 

-Видно вознемирени, возрасните единки седеа до последен момент во гнездото, како да бараа начин да ја спасат својата рожба. За жал, не можевме да им помогнеме на време, иако се јавивме во противпожарната служба и ЕВН, раскажуваат очевидци.

 

А.Д

 

видео на овој линк

 

 

 

Додади коментар