Пендаровски е новиот претседател - во Тиквешијата најмногу гласови освои Силјановска-Дафкова
06-05-2019 РЕГИОН

Без проблеми, во фер и демократска атмосфера помина вчера гласањето на вториот круг од шестите по ред претседателски избори. Според првичните резултати кои ги објави ДИК, со околу 60 илјади гласа победник е кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Тој освои 436.212 гласа, а неговиот противкандидат Гордана Силјановска Дафкова 377.713 гласа.

 

Избројани се 30.437 неважечки гласачки ливчиња. Излезноста беше 46,7%.

 

 

Без проблеми помина гласањето и во Тиквешијата. Во Кавадарци најмногу гласови освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Дафкова. За неа гласале 11.065 граѓани, а за Пендаровски 8695. 676 гласачки ливчиња се неважечки.

 

Споредено со првиот круг од претседателските избори и двајцата кандидати имаат добиено во вториот повеќе гласови. На контото на Силјановска-Дафкова вчера легнаа 2187 гласа повеќе за разлика од првиот круг, а за Пендаровски 1143 гласа повеќе.

 

Во Неготино исто така Силјановска-Дафкова освои подобар резултат од Пендаровски. За неа гласале 5617 граѓани, а за Пендаровски 4840. Избројани се 348 неважечки ливчиња.

 

Со близу 200 гласа Силјановска-Дафкова е пред Пендаровски и во Демир Капија. За кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ гласале 1254 граѓани, а за кандидатот на СДСМ 1070.

 

Во Росоман Силјановска-Дафкова освои 1254 гласа, а Пендаровски 944. Слични се резултатите и од Градско. Таму за Дафкова гласале 1054 граѓани, а за Пендаровски 856.

 

A.Д

Додади коментар