Патиштата и улиците во Кавадарци и Росоман се проодни
10-01-2019 РЕГИОН

Сите улици и патишта во Кавадарци и Росоман се проодни  по интензивните врнежи од снег. 

Снежната покривка во Кавадарци, во градот е значително помала, споредено со ридско планинскиот дел каде има снежни наноси и до 1,5 метар.

 

Од општината информираат дека зимската служба активно дејствува и сите улици и патишта се проодни. Се апелира до граѓаните, доколку немаат поголема итност, да не патуваат кон селата од Бошавијата, бидејќи сообраќајот се одвива во зимски услови.

 

И од општина Росоман информираа дека утринава дејствувала службата за зимско одржување на улиците и патиштата и била расфрлана сол и ризла како на улиците во Росоман, така  и на патните правци до Сирково, Камен Дол, Трстеник и Манастирец.

 

А.Д

Додади коментар