Панов со реакција на пресот на СДСМ
07-09-2016 РЕГИОН

Почитувани, граѓани на општина Кавадарци

Од кого е многу е!

И на овој светол празник 7 Септември, денот на ослободувањето на Кавадарци, СДСМ повторно пробува да шири невистини.  Уште еднаш покажаа дека за нив ништо не е свето и дека како потврдени прикривачи на вистината имаат кратко паметење.Господа од СДСМ загриженост за наводното непочитување на светоста на борците од НОБ и духот на Кавадарци Се наоѓа само во вашите глави.

Убеден сум дека народот не го дели вашето мислење, а тоа постојано го покажува на избори поразувајќи ја вашата предавничка политика.

Така ќе биде и на 11 декември кога повторно ќе бидете казнети и поразени.

 

Споменувата популизам во промената на имињата на улиците. Барам јавно да се произнесете дали повеќе ви значи името Едвард Кардељ или Никола Минчев, дали името Љупчо Шкартов за градскиот парк за вас е популизам, дали повеќе ви значи ЈНА која  во 1991 повеќе беше окупаторска војска или за вас Армијата на Република Македонија не е светиња. Дали во самостојна Македонија 8 септември не би требало да биде позначаен од 29 Ноември.

Ако сте понесени од ЈУ носталгијата тоа е ваш проблем. За мене во самостојна и независна Македонија посвети се кавадаречките и македонските херои и затоа Советото на мој предлог усвои листа на имиња за промена на улиците.

 

Тешко на оној народ на кој треба вие да му ја враќате наводно узурпираната слобода. Вие кои ја обезименивте и обезличивте Македонија, го променивте знамето, со криминалната приватизација го оставивте народот на улица, а со територијалната организација ја продадовте западна Македонија.  За сето ова може да ги лажете само децата родени во независноста,  но народот што памети нема да ви го заборават овој „патриотизам“.

 

Одговорете како тоа  не ја почитуваме револуцијата, кога изградивме Парк на Револуцијата, подигнавме биста на Никола Минчев, целосно ја реновиравме спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур, ги обновивме искршените обележја на Спомен Костурницата, која доби ново партерно уредување и јавно осветлување.

 

За овие седум и пол години во мандатот на Александар Панов целосно ги реновиравме основните и средните училишта чии патрони се познатите кавадаречки револуционери и борци.

За крај, кога сме кај непочитувањето на светлите ликови и датуми од историјата, фактите говорат сосема спротивно.

 

Вие заслепени од желбата за власт по секоја цена, безумно го осквернавивте најсветиот дом во Кавадарци, а тоа е зградата на Општината. Уникатната фасада за која во 1953-54 година истакнатиот револуционер Љупчо Шкартов , со месеци ги барал вевчанските мајстори низ Европа, за да ги донесе да ја направат уникатната фасада која вие јаа ошлапавте со вашиот шарен идиотизам

 

И сосема за крај: Зошто баш сега  на овој 7 Септември се појавивте на чествувањето на деност на ослободувањето. Можеби затоа што е предизборие за повторно да ширите патриотска магла пред изборите на 11 декември, за кој ве убедувам дека ќе ги изгубите.

Или зата што за седми септември и патриотизмот зборувате само кога има избори.

 

Господа Кавадарци и Македонија се сакаат со конкретни дела, а на со шарен патриотизам - стои на крајот во писмената реакција на прес конференцијата на СДСМ од градоначалникот Александар Панов.

Додади коментар