Отворен ден во „Фени индустри“ по девети пат
31-10-2014 РЕГИОН

Техничко-технолошкиот процес во фабриката за Фероникел „Фени индустри и напредокот што е постигнат во делот на производството, инвестициите , екологијата, како и сите други информации од јавен карактер, а кои се интересни за пошироката јавност денеска беа претставени пред синдикалците од повеќе компании во земјава, Макстил, Арчелор Митал,ФЗЦ 11 октомври, Факом, Окта, Ватростална, Раде Кончлар, Саса, Злетово, Топлификација, Емо, Вабтек, Леарница, Еурокопозит и Синдикатот за индустријаенергетика и рударство. Денеска во компанијата се одржа по девети пат отворен ден, а гостите беа запознати преку видео презентација со работењето на компанијата оид страна на стручни лица во фабриката за животна средина и металурзи.

 

Членките на СИЕР го искористија овој настан и за синдикален состанок, за што компанијата „Фени“ како домаќин, им обезбеди соодветни услови, со што уште еднаш ја демонстрираше својата одговорност, во овој случај во насока на подршка на работничките права, преку синдикално работење.

 

Од компанијата нагласуваат дека и последниот петок од месец ноември повторно ќе биде организиран отворен ден и сите граѓани кои сакаат да се запознаат со работењето на фабриката дека ќе можат да се пријават на емаил адресата zivotnasredina@feni.mk  со име и презиме и назнака „пријава отворен ден“ и да остават контакти.

Ангел Данов

Додади коментар