Осум нови позитивни случаи на корона вирус во Тиквешијата
26-09-2020 РЕГИОН

Продолжува да расте бројот на нози позитивни на Ковид 19 во тиквешкиот регион. Во последните 24 часа дијагностицирани се 3 лица во Кавадарци, 3 во Неготино и по еден во Росоман и Демир Капија.

 

„Лицата се на возраст од 15 до 77 години. Сите се со симптоми на вирусот. Пациентот на 77 годинишна возраст е хоспитализиран во велешката болница, останатите се на домашно лекување.  Девојката од 15 години била спортист во струмички клуб.“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д



Додади коментар