Општина Неготино објави јавен повик за обука на пчелари
12-07-2016 РЕГИОН

Општина Неготино објави јавен повик за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство (училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот „ Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област „ Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија.

 

 Обуките ќе се спроведуваат во два циклуси. Првиот циклус на обуки е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на  производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот.  Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.

 

Вториот циклус на обуки пак е наменет за 25 учесници кои се заинтересирани да започнат со одгледување на пчели и производство на пчелни продукти. Обуките за новите пчелари ќе опфатат почетно запознавање со основните елементи во процесот на одгледување на пчелите, запознавање со неопходната опрема за пчеларство и неопходните постапки за одгледување на пчели. И овие обуки ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.

 

Маја Алексовска 



Додади коментар