Општина Кавадарци објави повик за субвенционирање енергетско ефикасни грејни тела
07-08-2018 РЕГИОН

 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека по одржаната седница на Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година, беа донесени неколку заклучоци.

 

Јавниот повик беше распишан вчера во 9 часот и поради очекуваниот голем број на апликанти истиот заврши на крајот од денот.

Комисијата го разгледа бројот на апликации и утврдено е дека се пристигнати 103 барања и со тоа се надминува бројот на предвидени барања од поднесители во рамките на предвидениот буџет.

 

Поради транспарентност и отчетност во работењето на Општина Кавадарци и поради големиот број на пристигнати барања при разгледување на барањата на следниот состанок на Комисијата доколку се констатира дека вработени во Локалната самоуправа и нивни членови од поблиското семејство , како и Советници во Совет на Општина Кавадарци и нивни членови на поблиското семејство имаат поднесено барање по Повикот, нивните барања нема да бидат разгледани.

 

Поради големиот интерес од граѓаните на Општина Кавадарци за овој јавен повик, Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, на наредната седница ќе предложи на Советот на Општина Кавадарци до крајот на 2018 година да се објави уште еден Јавен повик за субвенционирање за купување енергетско ефикасни грејни тела- стои во соопштението од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

 

Додади коментар