Општина Кавадарци има потреба од 40 волонтери за проектот „За чисто и убаво Кавадарци“
14-04-2018 РЕГИОН

Општина Кавадарци, врз основа на Програмата за волонтирање за 2018 година, има потреба од ангажирање волонтери кои ќе се вклучат во проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.

 

На овој повик можат да се пријават млади лица над 15 години.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање до 40 лица- волонтери , кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град и тоа:

-           оплеменување на зеленилото низ градот,

-           засадување на нови садници,

-           подигање на нови зелени површини низ градот,

-           средување на јавните зелени површини низ градот,

-           кастрење на вегетацијата,

-           и одржување на селските патишта и фудбалски игралишта ,

-           како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се: просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации.

 

Времетраењето на волонтерската работа е од 01.05.2018 година до 31.07. 2018 година кое ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

 

Заинтерсираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадрци , ул. Плоштед Маршал Тито бб со назнака за јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци или дирекно во архива на Општина Кавадрци соба бр.20.

Рокот за пријавување е до 26.04.2018 година.

 

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерската работа.

Додади коментар