Општа болница и здравствен дом Кавадарци се споија во еден субјект
14-09-2018 РЕГИОН

 

Со одлука на Владата од денеска кавадаречката болница и здравствен дом функционираат како еден правен субјект со назив ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

 

Новиот правен субјект веќе е регистриран и во централен регистар и ќе функционира како поранешниот медицински центар.

 

Целта на ваквото здружување е пациентите да добијат квалитетна медицинска услуга – објаснува в.д директорот на новиот здравствен субјект  д-р Диме Коцев.

 

Брза помош, лабораторија, превентивна детска стоматологија останува да функционираат исто како и досега. Пациентите нема да осетат никаква промена освен што ќе добијат поквалитетна медицинска услуга.

 

„Со оваа формално правна промена се врши рационализација на трошоците, кадровска екипираност, повеќе медицинска опрема, а се со цел да се зголеми нивото на здравствена заштита и медицината да се приближи до граѓаните. Сите вработени остануваат на работа“ објаснува директорот.

 

Се очекува оваа промена да донесе и позитивни ефекти во работењето на јавното здравство во Кавадарци како регионален медицински центар.


А.Д

Додади коментар