Од билтенот на МВР - Пожар, обљуба, мигранти во Тиквешко

 

Вчера околу 15,00 часот било пријавено дека во Неготино, на потегот од ЖС-Криволак кон ЖС-Градско, во непосредна близина на полигонот на АРМ, настанал пожар, при што биле опожарени лозја, а на неколку места биле зафатени и делови од прагови на железничката пруга Скопје- Гевгелија. Пожарот во 16,10 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.

 

На 09.03.2019 година околу 20,00 часот на автопатот Гевгелија - Неготино кај клучка за Демир Капија, патничко моторно возило „Мицубиши“ со германски национални ознаки, управувано од Џ.Н. (24) од с.Арачиново-скопско, излетало од коловозот. Во возилото се превезувале 15 мигранти (од Иран, Пакистан, Авганистан). Во незгодата нема повредени лица. Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.03.2019 година во 09,00 часот во Полициската станица Кавадарци, 29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 05 часот кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг (32 години) од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа. Сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Додади коментар