Одбележан Свети Трифун во Кавадарци
14-02-2015 РЕГИОН

На празникот на лозарите, Свети Трифун се  упати благослов за плодна и бериќетна година, многу род и повеќе пари за производителите на грозје. Во чест на Свети Трифун се закрои виновата лоза и залеа со вино, како што налага традицијата за овој празник. Се закројувашеи лозата во црквата Свети Димитрија во Кавадарци.

 

 Лозарите уште во утринските часови беа на своите лозја да го извршат традиционалниот ритуал и симболично да го означат почетокот на лозарските работи во новата производна година.

Во храмот Свети Димитрија во Кавадарци симболичното закројување го изврши Митрополитот на Повардарската Епархија г.Агатангел,  градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и претседателката на кавадаречкиот совет Горица Пеливанова Вилхем и им  посакаа на верниците бериќетна година.

 

На закројувањето на црковната лоза претходеше литургија во храмот Свети Димитрија со која чиноначалствуваше владиката Агатангел. Потоа на градскиот плоштад пред голем број граѓани беше изведена културно уметничка програма. Настапија играорците од Ансамбл „Тиквеш“, ученици од СОЗУШ „Ѓорче Петров“ под менторство на професорот Влатко Тасев, а во режија на Диме Коцевски изведоа драмски перформанс за Свети Трифун. На крај од манифестацијата градоначалникот Панов, пратеничката Весна Пемова , претсатвникот на УНДП и директорот на Фени индустри го закроија импровизираниот лозов насад на градскиот плоштад.

Винарски визби имаа свои штандови на плоштадот, каде се дегустираше вино.

Ангел Данов

Додади коментар