Објавен конкурсот за наградата „7ми септември“
29-07-2019 РЕГИОН

По повод „7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објави  Конкурс за доделување на наградата „7 Септември”.

 

Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот.

 

На ученици и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.

 

Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до звршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

  1. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  2. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица.
  3. Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.
  4. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото,

 

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број.

 

Предлозите и иницијативите да се достават најдоцна до 20 август 2019 година.

 

Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

 

Предлозите се поднесуваат во 2 примероци преку пошта или директно во соба број 20-Архива на Локалната Самоуправа Кавадарци.

Додади коментар