Објавена програмата за одбележување на 75 години од убиството на 12-сте ваташки младинци
13-06-2018 РЕГИОН

 

 

Годинава се навршуваат 75 години од стрелањето на 12 сте ваташки младинци од страна бугарскиот фашистички окупатор. По тој повод општина Кавадарци денеска ја објави програмата со која ќе биде одбележана годишнината од масакрот кој во 1943 година е извршен во Ваташа.

 

Чествувањето ќе започне на 15 јуни, петок. Во спомен домот „12 скоевци“ во Ваташа ќе се одржи свечена академија. Свое обраќање ќе има градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а во културно уметничката програма е предвиден настап на солистката Слободанка Танева во придружба на професорот Стефчо Волчев на пијано, поетски пеформанс ќе изведе актерот Александар Малинков, а настап ќе има и ад либитум трио.

 

 

Во сабота со почеток од 10.30 часот ќе започне чествувањето од годишнината во спомен паркот во Моклиште. Таму повеќе делегации ќе положат свежо цвеќе, ќе има историски час за делувањето на скоевците од Ваташа и нивното ѕверско убиство. На присутните ќе им се обрати градоначалникот Митко Јанчев. Ќе настапи естрадната уметничка Катерина Танева, а драмски перформанс ќе имаат актери од кавадаречкиот театар.

 

А.Д

 

Додади коментар