Нов случај на семејно насилство во Велес
23-09-2015 РЕГИОН

Сопруг крвнички ја претепал жена си. Ја бодел со нож а по целото тело ја удирал со гасен пиштол. Поради сериозните повреди, претепаната сопруга завршила на хирушкото одделение на велешката болница. Ова е последниот случај на регистрирано семејно насилство во Велес.

 

Инцидентот се случил вчера околу пладне во семејната куќа. Според неофицијални информации, на физичкото малтретирање му претходело жестока расправија. Нервозниот сопруг со кујнски нож и гасен пиштол и се нафрлил на сопругата . И нанел повеќе повреди по телото па жената итно била транспортирана во болница. Случајот го потврди полицијата.. Од СВР Велес велат дека веднаш по инцидентот, мажот бил приведен и сослушан па пуштен на слобода . Поднесена му е пријава за насилство и нанесување повреди со опасно орудие..

 

Според податоците на велешката полициска станица, во првата половина од годинава се регистрирани пет случаи на семејно насилство.. По барање на жртвите, против сите сторители се поднесени соодветни кривични пријави..

Од секторот за внатрешни работи велат дека во изминатиот период жртвите од семејно насилство имаат зголемена доверба во работата на полицијата и надлежните институции.. Токму поради ова жртвите се почесто се одлучуваат да побараат помош и заштита..

 

Инаку во споредба со истиот период лани, забележано е зголемување на бројот на случаи на семејно насилство во велес.. Според податоците од извештајот на велешката полициска станица, во првата половина од 2014-та година имало четири случаи на семејно насилство.

Зоран Јаневски

Додади коментар