Нов асфалт на дел од „Шишка“ во Кавадарци
04-09-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „Изолација“ поставува нов слој асфалт на улицата „Шишка“ на делница во должина од 400 метри. Санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

 

Асфалтирањето се изведува на површина од 1440м2, каде претходно беа отстранети најголемите оштетувања. Таму сега се поставува нов слој асфалт.

 

Со овој проек општината обезбедува подобри и по безбедни услови за одвивање на сообраќајот.

 



Додади коментар