Ново осветлување и систем за наводнување во паркот на револуцијата во Кавадарци
19-02-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку надлежната служба за одржување на Јавното улично осветлување, започна со поставување на нова нисконапонска линија од системот на уличното осветлување, во горното ниво на „Паркот на Револуцијата“.

 

Во оваа фаза под земја се постави кабел во должина од 200 метри, како дел од проектот за подобрување на јавното осветлување во паркот. Оваа нова мрежа ќе овозможи поставување на нови канделабри кои како надополнување на постојните значително ќе го подобрат јавното осветлување во паркот кој е омилено место за одмор на кавадарчани.

 

Преку оперативата на ЈП „Комуналец“, пак, се започна со поставување на подземен систем за полевање на горното ниво во „Паркот на Револуцијата“.

 

Поставена е линија од ПВЦ црево во должина од 200 метри, на која ќе бидат поставени и 14 распрскувачи за полевање на тревата и растенијата во тој дел на паркот.

 

Во наредниот период ќе се изврши подготовка на целокупната површина за сеење трева како и за обновување на вегетацијата, со кастрење на постојната, како и садење на нови дрва и нискостеблести растенија.

Додади коментар