Нови четири случаи на корона вирус во Кавадарци
31-07-2020 РЕГИОН

Четворица нови позитивни на ковид 19 се дијагностицирани денеска, информираа од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Се работи за две жени и двајца мажи на возраст од 20, 22 и двајца по  24 години.

 

„Сите се со лесна клиничка слика на домашно лекување. Работиме на утврдување на нивните контакти“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Се чекаат и други резултати од извршени тестирања, а дневно во Центарот за јавно здравје Кавадарци се вршеле по околу 15 тестирања, заедно со контролни тестови. 

 

Од почетокот на пандемијата во Кавадарци позитивни на ковид 19 се  Кавадарци 60 лица, а активни  се 43 случаи велат од Институтот за јавно здравје.

 

А.Д



Додади коментар