Нови успеси на каратистите од КК „Сансаи Метал Апостолов“
28-08-2020 СПОРТ
Карате клубот „Сансаи Метал Апостолов“ учествуваше на првото „он лајн„ првенство за деца до 15 години во дисцилината кати во машка и женска конкуренција. На натреварот учество земаа 89 натпреварувачи од 16 клубови од Македонија.
 
 
Натпреварот беше организиран согласно стандардите на Светската Карате федерација и пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство. Изведбите на кати беа на отворен простор, домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.
 
 
Карате клубот Сансаи Метал Апостолов освои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медали.
 
 
Резултати:
Златни медали:
1. Кристијан Митрев - кати машки 13 години.
2. Филип Јанчев - кати машки 10 години.
3. Тамара Ристовска - ката женски 12 години.
 
 
Сребрени медали:
1. Данка Стојкова - кати женски 14 години
2. Мартин Прстенков - кати машки 13 години.
 
 
Бронзени медали:
1. Саша Огњеновиќ - кати машки 10 години.
2. Мартин Костов - кати машки 13 години.
3. Матеа Божиноска - кати женски 10 години
4. Стефан Тодороски - ката машки 11 години.


Додади коментар