Нови игралишта во село Долни Дисан
15-08-2014 РЕГИОН

Со средства во вистина од 2.000.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино, во селото Долни Дисан се изградија две нови игралишта за фудбал и кошарка, а во непосредна близина и едно детско игралиште со поставени повеќе реквизити наменето за потребите на најмладите жители.

Според градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, станува збор за реализација на проект ветен во неговата програма за работа, со кој на учениците кои наставата ја следат во подрачното училиште во село Долни Дисан кое делува во склоп на ООУ Гоце Делчев, ќе им се овозможи непречено одвивање на наставата по физичко образование, ќе се зголеми нивната безбедност, наставниците ќе можат да го спроведуваат планот за работа.

Покрај овие активности, фудбалското и кошаркарското игралиште го користат и ќе го користат и останатите жители кои на овој простор во спорт и рекреација ќе поминуваат дел од своето слободно време.

М.А

Додади коментар