Нова зелена површина во Кавадарци
16-10-2019 РЕГИОН

Градот ќе добие уште една зелена површина. Во склоп на еколошкиот проект за хортикултурно уредување, општината преки ЈП „Комуналец“ работи на формирање зеленило на локација кај Кавадаречки дол - информираат од локалната самоуправа.


На површина од 1.500 метри квадратни денес се подготвуваше теренот за хортикултурно уредување. Според планот на оваа локација ќе се посее трева, ќе се засадат зимзелени декоративни дрва, а ќе биде целосно обновен и дрворедот на ул. „Ѓоре Брушански“ од левата страна на долот.


Претходно екипа од ОЕ „Водовод“ при ЈП „Комуналец“ постави мрежа за полевање.

 

Реализацијата на проектот на Општина Кавадарци за подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот е во полн ек.
Денес екипи на ЈП Комуналец и службата „Мој општинар“ работеа и на „Западен Булевар“ кај СЦ „Јасмин“ каде се постави систем за наводнување.

 

Просторот предвиден за хортикултурно уредување е со површина од 1.300 метри квадратни. Овде ќе се посее трева, ќе се засадат зимзелени декоративни садници, а ќе се оформи и дрворед.


Проектот по идеја на градоначалникот Јанчев опфаќа повеќе локации на кои што ќе се изврши хортикултурно уредување. Нови зелени површини ќе има на повеќе локации.


Проектот треба да биде завршен во тековната година.

Додади коментар