Ниска зона-исток од Кавадарци денеска без вода за пиење
05-08-2013 РЕГИОН

Жителите од ниската зона на Кавадарци-исток во текот на денот ќе останат без вода за пиење. Како што информираа од ЈП Комуналец, р.е водовод, прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради реконструкција на главната линија.

Без вода до 14 часот, како што се наведува во соопштението од Комуналец, ќе бидат жителите од улиците „Крсте Мисирков“, „Струшка“, „Елпида Караманди“ и други улици од источната ниска зона.

 A.Д

Додади коментар