Низа проекти од комуналната изградба во Кавадарци
18-12-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на градежната фирма Градба промет изврши асфалтирање на делница од ул.„Бигла“ во УЗ „Страшо Пинџур“.

Според проектот нов асфалт се постави на реконструираната делница од 100 метри од улицата. Претходно беше отстранет дотраениот и оштетен асфалт, по што се постави тампон, а во завршната фаза вчера доцна попладне се асфалтираше делницата која се протега на стрмна угорница.

И овој проект се реализира на барање на граѓаните, а општинат од денеска им предаде во функција реконструрана улица по која ќе се одвива посигурен и побезбеден сообраќај.

Оперативата на ангажираната фирма Жикол од Струмица ги изведува завршните работи на новиот мост во Ваташа.

Во последната фаза од изградбата се довршува просторот за хортикултурно уредување од десната страна на реката Луда Мара, и се зајакнува оградата на стариот мост, кој ќе биде пренаменет во пешачки. За таа цел се посатвуваат бехатон коцки со што се продолжува тротоарот на ул.„Страшо Пинџур“ од страната на малиот парк.

Предвидено е новиот мост на реката Луда Мара во Ваташа кој е клучен сегмент од регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб да биде предаден во употреба идната недела.

Како дел од инфраструктурата на новиот мост во Ваташа е и линијата за јавно улично осветлување. Објектот ќе биде осветлен со четири ниски стлобови од 5 метри и еден висок 10 метарски столб конзола со 3 краци.

На нив се поставени еколошки ЛЕД светилки кои ќе го осветлуваат новиот мост и неговата околина. На ниските столбови се наоѓаат светилки со моќност од 30 W, а на високиот столб секоја светилка е со моќност од 80 W.

Оперативата на фирмата Градба промет поставува павер елементи на новиот тротоар на ул.„Ќиро Арсов“ во Ваташа. Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа, а во рамките на програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет.

Според проектот бехатон коцки ќе се постават на површина од 300 метри квадратни. Претходно на таа површина се изврши копање, порамнување и поставување на тампон.

Општината Кавадарци преку ЈП Комуналец деновиве работи на поставување на нова водоводна линија на Северен булевар.

Станува збор за проширување на градската водоводна мрежа на Северен булевар на потегот од спојот со ул. “Ѓорѓи Соколов“ до спојот со булевар “Никола Минчев“. Комуналци овде поставија ПВЦ црево со профил фи 63. Преку оваа линија со градската водоводна мрежа ќе се поврзат објектите од индустриската зона покрај обиколницата.

 

Додади коментар