Несовесни кавадарчани фрлаат комиње во Луда Мара
08-10-2018 РЕГИОН

 

 

   Реката Луда Мара во Кавадарци, потемне поради тоа што одделни кавадарчани кои печат ракија во овој период од годината, исфрлаат во неа комиње, кое останува по производството. Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци, вели дека мора да престане несовесноста кај поединци, кои не размислуваат за своите постапки.

 

-Сезона на ракија варење е, казани насекаде горат, а нема соодветен износ на остатоците од печењето ракија кај дел од кавадарчани, се нема свесност кај нив, а воедно нема и Локален еколошки акционен план во општината, нагласува Паризов.

 

 Од Јавното претпријатие “Кимуналец” потврдуваат дека навистина реката ја менува бојата, поради тоа што се случува, во неа да бидат фрлени остатоци кои се вообичаени при печењето ракија, во најголемиот лозарски крај во Македонија.

 

С.Д

Додади коментар