Во тек е операција за кроење на виновата лоза и овошките, а со тоа дел од земјоделците од Тиквешкиот регион ја продолжуваат и лошата пракса, по завршеното кроење да ги спалуваат растителните остатоци.
- Кога ќе го запалат огнот заминуваат од земјоделската површини не водејќи сметка дека огнот може да се прошири и да предизвика штети во околните насади или објекти – алармираат од територијалната против пожарна единица Кавадарци.
Деновиве пожарникарите имаа неколку интервенции токму на ваков тип на пожари. Исто така и денеска на три локации се гасеа пожари на отворен простор, предизвикани токму од не совесни земјоделци - пиромани.
Иако изминативе години надлежните институции континуирано апелираат да се води грижа и да не се плат неконтролирани огнови на отворено, сепак негативната пракса земјоделците ја продолжуваат.
Само за потсетување, казните за предизвикување пожари се ригорозни, и предвидуваат затвор од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот, околностите и последиците.
Институциите велат дека во наредниот период ќе се санкционираат сите граѓани кои нема да ги почитуваат апелите и ќе продолжат да ги палат органските остатоци, меѓи и стрништа, а со тоа ќе ја зголемуваат опасноста од пожари.
А.Д

Додади коментар