Напредува изградбата на кејот во Ваташа и новиот мост
02-07-2019 РЕГИОН

Во селото Ваташа интензивно се работи на изградба на новиот мост и проширување на патот пред и после мостот на регионалниот пат кон Витачево и идниот граничен премин „Пулево“.

 

Овде се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет.

 

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

 

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

 

 

Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ во село Ваташа работи на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“. Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште.

 

На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито со потребните каскади и се оформени контурите. Според проектот новиот кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат е во должина од 770 должни метри.

 

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

 

Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ реализира проект за реконструкција на водоводната линија на улица „Перо Видев“ во Ваташа.


Според проектот се работи за замена на последните 200 метри водоводна линија од азбест-цеметни цевки во селото. На нивно место е поставена нова линија од ПВЦ цевка.


Со овој зафат општината на жителите од овој дел на Ваташа им обезбеди снабдување со здрава вода за пиење по еколошки стандарди.

 

По 35 години деновиве се заврши со реконструкција на покривот на спомен домот „12 скоевци“ во Ваташа


Наместо старата и дотраена ќерамида се постави лим, а реконструкцијата опфати санирање на сачокот, како и замена на старите олуци со нови.
Со овој зафат општината ја заокружи реконструкцијата на Спомен домот во Ваташа, која започна минатата година кога во пресрет на јубилејот 75 години од стрелањето на 12 младинци, беа реконструирани просториите и салата во домот каде се одржа и свечената академија.

Додади коментар