Напад на обезбедувач во казино и вработен во маркет во Кавадарци
05-08-2020 РЕГИОН

На 05.08.2020 околу 05.30 часот В.К.(48),додека бил на работа како обезбедување во казино во Кавадарци, бил физички нападнат од Л.Ј.(55). Л.Ј. бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.

 

Вчера, пак околу 20.30 часот С.Д.(37), додека извршувал работни задачи во маркет во Кавадарци, по неуспешен обид за одземање производи од страна на две непознати лица, бил физички нападнат од едното од нив.

 

Се работи на пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

 



Додади коментар