Над 20 тони вино испиени за време “Тиквешки гроздобер” (ВИДЕО)
14-09-2018 РЕГИОН

 

Над 20 тони вино биле испиени за време  манифестацијата “Тиквешки гроздобер” која се реализираше во Кавадарци. Ова попладнево го соопшти кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

 

  За три дена манифестација, подготовките траеле повеќе од шест месеци.


  “Тиквешки гроздобер 2018”, беше најпосетениот гроздобер досега. Повеќе од 60 илјади посетители пробаа вино во градот на виновата лоза. Изненадувачки и многу позитивно е што за време на манифестацијата не е пријавено никакво нарушување на јавниот ред и мир, нагласи Јанчев.


  Над 50 фирми дале поддршка. Градоначалникот им се заблагодари на сите кои на било каков начин придонеле за подобра манифестација.

 

С.Д

 

Додади коментар